Националниот портал за е-услуги е електронска платформа, достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која можете да добиете информации за јавните услуги и да искористите некоја од достапните во овој момент е-услуги од надлежни органи. Порталот е воспоставен и управуван од Министерството за информатичко општество и администрација, согласно Законот за електронско управување и електронски услуги („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.98/2019, 244/2019), каде што е дефинирана електронската размена на податоци и начинот на кои таа треба да се спроведува, давањето на е-услуги, работењето на посредниците и друго.

Националниот портал за е-услуги се состои од јавен дел и приватен дел.

Јавниот дел на порталот има содржини кои се наменети за граѓаните и за компаниите, како и за останатите организации. Во рамки на содржините објавени на Порталот, објавени се податоци кои се однесуваат на услуги на централно и на услуги на локално ниво. Објавените услуги се однесуваат на државјани на Република Северна Македонија и на странски државјани.

Јавниот дел е достапен за сите посетители, без потреба од каква било најава или идентификација. Во јавниот дел се објавени податоци за услугите кои ги даваат надлежните органи и другите субјекти – даватели на услуги. За секоја од услугите се достапни следните податоци: основни информации, надлежни органи, обрасци, поднесоци, услови, докази, рокови, информации за плаќање, законска регулатива и други.

Услугите можат да се пребаруваат и најдат по неколку критериуми:

 

На јавниот дел се достапни и податоци за надлежните органи, вклучувајќи ја и нивната локација.

Приватниот дел е достапен само за регистрирани и идентификувани корисници. Регистрацијата и најавата на Порталот се одвива преку Систем за единствена најава (СЕН)- Што е Систем за единствена најава, што eID? Во моментот, преку СЕН можат да се регистрираат само физички лица. Детали за процесот на регистрација (Регистрација и најава на Порталот за е-услуги ) на СЕН можете да добиете тука.

Во овој момент, приватниот дел овозможува е-услуги за физички лица, државјани на Република Северна Македонија. Овој дел се користи за:

  • поднесување на барање во електронска форма за добивање на одредена е-услуга;
  • поднесување на докази, според пропишани критериуми;
  • плаќање на надоместок и административна такса за е-услугата;
  • следење на статусот на постапката согласно максималниот дозволениот степен на увид обезбеден од надлежниот орган;
  • добивање на одговор на барањето и
  • добивање на e-услугата.