Оваа кампања започна како дел од иницијативата за Зајакнување на граѓанското општество на западниот Балкан за реформата во јавната администрација (WeBER2.0).

Оваа иницијатива, во периодот од декември 2019 до декември 2022 година, го спроведуваат партнерите од мрежата Think for Europe (TEN), предводен од Центарот за европски политики и со поддршка од бриселскиот Центар за европски политики (European Policy Centre – EPC). Иницијативата е посветена кон зајакнување на партиципативната демократија преку ангажирање на граѓанското општество во развојот на политиките и имплементација на реформата на јавната администрација во земјите од западниот Балкан.

Проектот се реализира со поддршка на Европската комисија, а се надоврзува на првиот WeBER, кој беше реализиран од декември 2015 до декември 2018 година. Целта е зајакнување на позициите на граѓанското општество во креирањето на политики на национално и регионално ниво и унапредување на нивните набљудувачки и консултативни улоги. Со оспособувањето на организациите од граѓанското општество за учество во конструктивниот дијалог посветен на реформите, проектот WeBER 2.0 ќе придонесе во процесот за пристапување во ЕУ.

Повеќе за проектот може да прочитате тука: www.par-monitor.org.

Контакт: Јована Кнежевиќ, проектна менаџерка на WeBER2.0 (jovana.knezevic@cep.org.rs)
Анеса Омерагиќ, координаторка за комуникации на WeBER2.0 (anesa.omeragic@cep.org.rs)
Марија Ќириќ, асистентка на проектот WeBER2.o (marija.ciric@cep.org.rs)
Институт за европска политика, партнер од Северна Македонија на проектот WeBER2.0 (weber@epi.org.mk)