Државната администрација треба да биде тука за нас, но често не знаеме од каде да почнеме кога ни треба нешто, кога некој бара нешто од нас или кога некои права ни се прекршени. На веб страниците на јавната администрација клучните информации често недостасуваат или се длабоко „скриени“, а дури и кога е лесно да се пронајдат, напишани се на сложен и бирократски јазик. Исто така тешко е да се добијат информации на шалтерите – службениците не се добро упатени или не се доволно желни за да помогнат. Затоа не се ретки случаите да сме вратени поради „само уште еден документ“, за кој не сме ни знаеле дека ни треба!

Поради тоа го направивме овој дел од платформата – да можете на едно место да ги пронајдете сите совети за прашањата кои ве мачат. Советите се групирани во категории и можете да ги пребарувате според општ „клучен збор“.

Сите наши совети се засновани на факти, проверени се и се во склад со најновите прописи. Доколку имате сомневања или проблеми, а тие податоци ги нема во овој дел, можете да ни оставите порака во долниот дел на сајтот. Советите редовно ќе се ажурираат врз основа на вашите коментари, како и врз основа на промени во прописите.

Совети

  • Добивање документи

  • Деца

  • Други животни настани

  • Лица со посебни потреби

  • Е-Влада

  • Пристап до информации од јавен карактер

  • Учество во јавни дебати

  • Е-даноци

  • Огласи за вработување во јавна администрација

  • Вашите права се прекршени?

  • Кои се вашите права?

  • Права на странци

Да бидеме во контакт

Потребни ни се вашите коментари/што да прашаме?