Органите на државна управа, согласно Закон за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19) се должни да ја информираат јавноста за својата работа согласно Уставот и законите.

Информирањето на јавноста за работата на органите на државна управа може да биде преку:

За да се информираме, секогаш е најдобро да започнеме со интернет страницата на органот на државна управа.

Органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон и дејности од јавен интерес и политичките партии во делот на приходите и расходите, се иматели на информации, согласно Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер .  Тие, како иматели на информации, се должни да ја информира јавноста преку својата интернет страница со објавување на сет од 21 податоци, како: податоци за надлежностите на органот, податоци за функционерот и вработените, вклучително и нивната е-маил адреса и телефонски број за контакт, потоа службените лица за заштитено внатрешно пријавување, пристап до информации од јавен карактер, стратешки планови, буџет, завршни сметки, годишни планови за работа, документи за јавните набавки, ревизорски извештаи, закони и прописи, статистички податоци, извештаи и сл.

На пример, листата од 21 документ за слободен пристап на Министерство за информатичко општество и администрација може да најдеме овде или на Министерството за одбрана овде.