Согласно Законот за правда за децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 148/13 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19 и 275/19) децата во ризик и децата за кои постојат основи на сомневање дека сториле кривично дело, кога се повикани во Центар за социјални работи или во Министерството за внатрешни работи, имаат право на адвокат кој ќе ги застапува нивните интереси.

Доколку родителите/старателите не се во состојба да ги платат трошоците за адвокатот (доказ: потврда од надлежен орган дека остваруваат вкупни месечни приходи помали од просечната нето месечна плата), Центарот за социјални работи, односно Министерството за внатрешни работи, определуваат адвокат по службена должност.

Трошоците за адвокатот паѓаат на товар на Буџетот на Република Северна Македонија и се исплатуваат согласно со одредбите од Законот за бесплатна правна помош („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19).