На порталот за е-услуги може да се регистрирате преку Системот за единствена најава (СЕН) на еден од следните начини:

  • Онлајн со валидна e-mail адреса (Основен профил со корисничко име и лозинка)
  • Онлајн со постоечка корисничка сметка од УЈП (eID профил на ниско ниво со корисничко име и лозинка)
  • Со лично присуство на шалтер, преку посредник (eID профил на ниско ниво со корисничко име и лозинка)
  • Онлајн со валиден дигитален сертификат за електронски потпис (eID профил на високо ниво со корисничко име, лозинка и сертификат за дигитално потпишување)

 

За најава на Порталот, корисникот автоматски се препраќа на СЕН, каде што се идентификува со своето корисничко име и лозинка или дигитален сертификат за електронски потпис. По успешната автентикација, СЕН испраќа автентикациски токен до Порталот, со што се овозможува пристап до приватниот дел на Порталот. Со други зборови, ни овозможува да се претставиме (електронски идентификуваме) за да може да ги користиме услугите.

 

Во процесот на регистрација се врши проверка на физичкиот идентитет на корисникот со документ за лична идентификација, се бара потврда на е-маил адресата и се врши проверка дека внесените податоци постојат во Централниот регистар на население. По успешното завршување на овие проверки, во Централниот регистар на население се генерира и запишува Единствен Електронски Број на Граѓанинот (ЕЕБГ), составен од десет цифри. ЕЕБГ претставува врска помеѓу СЕН, физичкиот идентитет на корисникот и податоците достапни за него во Централниот регистар на население.

При регистрација и најава на Порталот, како и при поднесување на барање за е-услуга, СЕН преку ЕЕБГ комуницира со Централниот регистар на население заради проверка и преземање на ажурираните лични податоци за корисникот.

Доколку имате прашања, ви треба помош да се најавите или да користите некоја услуга, порталот нуди неколку типа на поддршка: ЧПП (често поставувани прашања), телефонска поддршка/контакт центар 15111 и преку контакт форма за поставување на прашања.