Постапката на регистрација за е-Плаќање на даноци е бесплатна за граѓаните и не е потребен дигитален сертификат. Прво што треба да направите е да креирате кориснички профил на електронскиот сервис е-Плаќање на даноци со избор на менито “Регистрирај се“ и следење на процедурата. На граѓаните (обврзници на ПДД-Персонален данок на доход) кои се регистрирани во системот за е-Даноци со дигитален сертификат, автоматски  им е овозможена (без дополнителна регистрација) услугата  е-Плаќање на даноци.

Барањето за регистрација ќе ви биде доставено на вашиот е-маил, истото ќе треба да се испечати и да се поднесе во даночна канцеларија на Управата за јавни приходи, лично или преку полномошник. По Ваша идентификација од страна на службеното лице во Управата за јавни приходи, вие сте регистриран и одобрен корисник на системот е-ПДД.

Електронските даночни сервиси на е-Плаќање на даноци ви овозможуваат:

 

  • Плаќање на персонален данок на доход со безготовинска картичка издадена од домашна банка, граѓаните можат да вршат онлајн плаќање на персоналниот данок со безготовинските картички Visa, Maestro и MasterCard (кредитна и дебитна).
  • Увид во евиденцијата за персонален данок на доход
  • Преглед на долгови за персонален данок на доход (по видови на приходи)- Е-плаќањето на даноци Ви овозможува да вршите онлајн увид во евиденцијата, преглед на платени и неплатени даночни обврски за персонален данок. На овој начин во секое време можете да ја проверите последната состојба на своите даночни долгови, вклучувајќи ги и долговите за ДДВ.

Повеќе информации и упатство за користење може да добиете на линкот.

За подетални информации и помош, обратете се во Инфо центарот 0800 33 000 (само од фиксни оператори) или 02/3253 200, секој работен ден од 07.30 до 16.30 часот или посетете ја специјализираната веб страница.