Доколку сте се регистрирале со профил на основно ниво и имате корисничка сметка на УЈП, можете да го надградите Вашиот eID профил на ниско ниво со УЈП корисничко име и лозинка на следниов начин:

 

  1. Пристапете до eID профилот;
  2. Изберете ја опцијата за надградба со на корисничка сметка со УЈП профил;
  3. Внесете ја Вашата УЈП корисничка сметка и лозинка;
  4. Со клик на „Надградба на профил” доколку податоците за најава на УЈП се точни, и доколку Вашиот ЕМБГ од УЈП постои во Централниот регистар на население, автоматски се надградува вашиот eID профил на ниско ниво;
  5. Откако успешно ќе го надградите профилот потребно е да се одјавите со клик на копчето “Одјави се” и повторно да се најавите Преку линкот „Најави се

 

Доколку сте се регистрирале со истото корисничко име од УЈП на основно ниво на  eID профил можете да го надградите Вашиот eID профил на ниско ниво со УЈП корисничко име и лозинка на следниов начин:

 

  1. Пристапете до eID профилот;
  2. Изберете ја опцијата за надградба со на корисничка сметка со УЈП профил;
  3. Внесете ја Вашата УЈП корисничка сметка и лозинка;
  4. Со клик на „Надградба на профил“ доколку податоците за најава на УЈП се точни, и доколку Вашиот ЕМБГ од УЈП постои во Централниот регистар на население, автоматски се надградува вашиот eID профил на ниско ниво;
  5. Откако успешно ќе го надградите профилот потребно е да се одјавите со клик на копчето “Одјави се” и повторно да се најавите Преку линкот „Најави се“.

 

Во случај да не сте во можност за регистрација да ја употребите корисничката сметка од системот на УЈП, може да регистрирате нов кориснички профил на СЕН со лично присуство и со важечка лична карта или пасош. Регистрацијата ја врши посредник (шалтерски службеник) во регистрациона канцеларија.

  1. Побарајте ја најблискатарегистрациона канцеларија;
  2. Посредникот врши проверка на валидноста на вашиот личен документ и го пополнува барањето со вашето име, презиме, ЕМБГ, број на важечки документ (лична карта или пасош), и ваша валидна e-mail адреса, и го печати истото. Внесената e-mail адреса понатаму ќе се користи како корисничко име за најава на СЕН;
  3. Проверете ја точноста на податоцитево испечатено барање, и запознајте се со Условите за користење на СЕН. Доколку податоците во барањето се точни и се согласувате со Условите, потребно е да го потпишете барањето. Со потпишувањето се согласувате со Условите за користење на СЕН;
  4. Посредникот го скенира и го прикачува потпишаното барање, со што ви се креира профил во СЕНсо приложената e-mail адреса. На истата e-mail адресата се испраќа порака за потврда на регистрацијата, заедно со еднократна лозинка;
  5. Проверете го вашето сандаче, вклучително и папката за SPAM. Со единечен клик на линкот од пораката, се активира вашата корисничка сметка во СЕН;
  6. Преку линкот “Најави се” пристапувате до СЕН, каде што ја внесувате вашата e-mail адреса и еднократна лозинка. При првата најава мора да ја промените еднократната лозинка со Ваша лозинка и истата да ја потврдите.

 

При успешна регистрација преку посредник на шалтер ви се креира eID на ниско ниво. Со eID на ниско ниво може да аплицирате за е-Услуги што се најмногу на ниско ниво. По успешна најава, во вашето корисничко сандаче ќе го најдете решението за регистрација.

 

Доколку имате валиден дигитален сертификат за електронски потпис издаден од издавачи на сертификати регистрирани во Регистарот на издавачи на сертификати во Република Северна Македонија можете онлајн да регистрирате eID на високо ниво на следниов начин:

 

  1. Преку линкот „Најави се“ пристапете до СЕН;
  2. Изберете ја опцијата „Регистрирај се“;
  3. На страницата за регистрација изберете ја опцијата Високо ниво, за која што неопходно е претходно да ја имате инсталирано Компонентата за дигитално потпишување (како се инсталира компонентата упатство);
  4. Во формата за регистрација го внесувате Вашиот ЕМБГза кој што е издаден сертификатот, e-mail адреса која понатаму ќе се користи како корисничко име за најава на СЕН, и лозинка;
  5. Со клик на копчето „Продолжи“ ви се прикажува листа на валидни сертификатикои ви се локално достапни;
  6. Селектирајте ја опцијата дека се согласувате соусловите за користење на СЕНизберете го сертификатот со кој што сакате да ја продолжите регистрацијата (сертификатот кој е поврзан со Вашиот ЕМБГ) и кликате на копчето „Избери и потпиши“;
  7. Доколку има потреба за внес на ПИН, ви се прикажува прозорец за да го внесе ПИН-от од Вашиот избран сертификат;
  8. СЕН врши проверкасо издавачот на избраниот сертификат за електронски потпис, со цел потврда на поврзаноста на сертификатот и внесениот ЕМБГ. Доколку издавачот на сертификатот одговори потврдно, СЕН врши проверка дали внесениот ЕМБГ постои во Централниот регистар на население;
  9. По успешно завршување на двете проверки, се креира вашиот кориснички профил во СЕН, по што ви се испраќа порака за потврда на регистрацијата на e-mail адресата внесена при регистрација;
  10. Проверете го вашето сандаче, вклучително и папката за SPAM. Со единечен клик на линкот од пораката, се активира вашиот кориснички профил во СЕН;
  11. Преку линкот „Најави се“ пристапувате до СЕН, изберете ја опцијата “Најави се со сертификат” каде што ви се листаат сертификатите. Оттаму треба да го изберете сертификатот со кој се регистриравте во СЕН.

При успешна регистрација со сертификат за електронски потпис ви се креира eID профил на високо ниво со кој што може понатаму да аплицирате онлајн за сите е-Услуги на Порталот.

Доколку имате прашања, ви треба помош да се најавите или да користите некоја услуга, порталот нуди неколку типа на поддршка: ЧПП (често поставувани прашања), телефонска поддршка/контакт центар 15111 и преку контакт форма за поставување на прашања.