Пофалби за работењето на општинската администрација на Зрновци. Иако општина Зрновци е една од најмалите општини, сите услуги кои од нив ги побаруваме ги извршуваат веднаш или во најбрз можен рок. Во однос на оценувањето на сите им давам 5 (петки) за нивната ефикасност и ефективност.

Ми беа потребни податоци во врска со поднесување на документи за да остварам право за користење на еднократна парична помош донесена од Советот за новороденче.
Документите беа уредно прикачени и беше објаснето на кое лице треба да се поднесат.

Пријатно сум изненаден од електронското поднесување на барање за извод од матична книга за родени. Поднесов барање онлајн и после половина час ми стигна порака дека изводот е изготвен и дека можат да си го подигнам наредниот ден.

Se vakcinirav vo Srbija i trebase da izvadam common pass. Se registriarv na najbliskiot vakcinalen punkt i gi dobiv baranite informacii.