– Јавното здравство иако и пред пандемијата со КОВИД 19 не функционираше добро, за време на пандемијата не функционира никако, посебно за пациентите кои имаат потреба од итна операција. Имено, имав потреба од итна операција но не можев да ја извршам во јавното здравство морав за истата да платам на приватно иако 30 години редовно плаќам здравствено осигурување. Пет пати поради влошување на здравјето со итна помош бев однесен во болница во која лежев од 10 до 15 дена, никако не можев да закажам операција иако сите доктори ми велеа дека под итно треба да се оперирам по смирување на состојбата. Но не можев да направам операција, поради наводно ограничување или директива од министерството за здравство, иако директивата вели освен за пациенти на кои им е потребна итна операција.

Административците кои работат на издавање на обрасци Еуро 1 за увоз или извоз на стока многу често го одолговлекуваат издавањето на образецот Еуро 1 поради што губиме време, едно поради непознавањето на законот, друго многу често имаме нови вработени кои ништо не прават ако немаат одобрение од постар колега. Но најголемиот проблем е кога постариот колега не е на работа.

На закажан термин за лична карта не можев да се сликам. Се пуштаа луѓе преку ред (СО ВРСКИ). на крај ме префрлија во друга кабина. СЕ ИСКАРАВ СО ТОЈ ШТО СЛИКА!

Uplakjav danok na imot. Presmetkata bese visoka i ne se dokazam so instituciite. Mi rekoa da odam na sud.

Проблемот се однесува на плаќањето на данок во време на корона кога мораме да одиме во општина да го платиме данокот. Данок плаќам во три општини од источен плански регион, а ниедна нема развиено дигитална услуга за плаќањето на данок со што би заштедиле време, пари а да не зборуваме за можното изложување на вирусот – Корона 19 и последиците по здравјето на сите кои мораат да користат некоја услуга од општинската администрација. Потребно е општините да направат план за дигитализација барем на најчестите услуги кои ги користат граѓаните. Истото се однесува за плаќање и на комуналните услуги. Секое ЈКП мора да им овозможи на граѓаните комуналните услуги да ги плаќаат онлајн.

Преку електронска пошта еднаш годишно од ПИОМ добивам известување за работниот стаж на вработените во компанијата. Проблем е што секогаш тие информации се доставени со грешка во врска со работниот стаж и потоа треба физички да се појде и да се чека ред (таму секогаш е гужва бидејќи работат само неколку шалтери) и се губи време. Постојно има пропусти во нивните известувања и сметам дека дел од вработените лица се крајно некомпетентни за таа работа.

Преминување на граница – одговорните лица не ги побараа потврда за имунизација на патниците.

Побарав информации од ДИК за начин на рекламирање за време на избори. не само што не добив инфорамции, туку добив впечаток дека вработените не ги знаат точните процедури од интерес.

-Неколку пати во текот на неколку години пријавувам хаварисани возила и општината не реагира.
– барам информација за како да сменам резидентен паркинг за моето возило, информацијата ја нема на веб и морам да се јавам на телефон. Излегува дека услугата можам да ја добијам само со физичко присуство, додека други услуги за возила им се онлајн.

Имам пријавувано и многу други проблеми:
– да се санира влезот на резидентниот паркинг
– да се исчисти ѓубре
– да се поправи детско игралиште

Ниедно не е решено од нив и генерално не ми ни одговараат.

Vo fevruari 2020 podnesov aplikacija vo gradinkata Majski cvet, vo koja navedov deka baram priem za moeto dete od april 2021 (vo prevod, sum izrazila interes i sum najavila potreba 14 meseci predvreme). Mi bese kazano deka podnesuvanjeto aplikacija ne znaci i avtomatski priem i deka kje ni se javat. Do denesen den, celi 18 meseci aplikacijata e na status quo.
Sekoe moe odenje i sredba so razlicni pretstavnici rezultira so informacii vo koi se ostava prostor deka deteto mozebi ke bide primeno (cekajte, kje zasedava komisija. Cekajte, MTSP kje go zgolemi kapacitetot na grupite itn).
Moeto dete gi ispolnuva site kriteriumi no e na cekanje. Vo megjuvreme, komsiski deca si dobivaat priem a nas ni se veli da cekame.
Vo potpolnost razbiram deka vo opstinava ima mnogu deca a nedovolno gradinki. Ne baram moeto dete da e privilegirano. No baram jasen protokol za apliciranje vo koj vo odreden rok se dobiva i odgovor – pozitiven ili negativen.

потреба од печат на уплата со електронско банкарство како доказ дека е направена уплатата- без печат од банка електонската уплата не се прифаќа на електротехнички факултет) ако одам до банка за печат прашањето е за што ми служи е-банката?

Почитувани,

Би сакал да споделам со вас едно искуство а воедно и небулоза на која наидов на шалтерите во Фондот за здравствено осигурување.
Скоро останав без работа, нормална ситуација која се случува на секој жив човек.
Веднаш се активирав и се пријавив во агенцијата за вработување, и сакав да се пријавам во ФЗО за нормално здравствено осигурување.
Но, кога треба да се пополни барањето (атачирано како документ) има ставка која се води како лица со повисоки примања за текновната 2020 година.
Највисоката граница е 246,846 денари, која ако ја поделиме на 12 месеци излегува плата од
20,570 денари.
Е сега, што е проблемот, до колку сте земале над оваа сума во 2020 година вие, кои сте останале без работа и немате средства, фондот побарува од вас да уплаќате на месечно ниво 1,543 денари за САМИТЕ ДА СЕ ОСИГУРАТЕ.
(фондот го рачуна тоа дека сте земале ВИСОКА ПЛАТА и имате заштедено за да им плаќате нив)

Можам со се да се сложам, може и има некаква логика во ова, но никој не знае да го даде одговорот како човек кој нема приход, фондот за здравствено очекува некој невработен кој може слободно да проверат со еден клик во компјутер дека не работи, да им плаќа месечно 1.550 денари паушал.

Лично сметам дека границата е прениска а не дека правилото не е во ред. Во Македонија според закон за статистика просечната плата е 28,721 ден која е и онака прениска.
Логиката ми вели дека границата на ФЗО треба да е некаде над 700 евра (43,000ден).

Да поентирам со моето негативно искуство во фондот за здравствено осигурување, во оваа држава доколку останеш невработен, остануваш и без здравствено осигурување колку си земал 20 000 денари плата.

Со почит!

Доста често си ги плаќам здравствените услуги приватно. А плаќам 25 години здравствено осигурување. Често нема на државно специјалисти и стручни лица, морам да одам да користам приватна здравствена услуга.

Во центарот за социјална работа, тие секогаш се многу тешки и работните места секогаш се добиваат и губат затоа што знаете некого

Не креваат на телефон, не работат интернет страни или нема податоци, се чека за одговор со месеци, никава функционалност на било која институција во која треба да оствариш право

Телефонскиот систем за закажување не функционира како порано.…закажав сликање за Беко, ме немаше таму на список, службеничката ми рече: ајде трк во МТВ, те нема тука на список.

Во МТВ ми рекоа треба да чекам пред секоја кабина за да видам каде сум на список, а внатре милион луѓе, во сред пандемија.

Една службеничка ми се виде фина и се вратив ја замолив да ме слика зашто очајно лутав 40 мин низ просториите. Кога дојде денот за подигање на возачката дозвола по 12 дена, беше исто така напнато. На службеникот му требаа 10 мин да ја најде и ме убедуваше дека не е таму, туку во Беко. На крајот сепак ја најде.

Летово на ул. Коце Металец се случи несреќа, прегазија комшика. Имаше протести од жителите со многу барања во однос на безбедноста на улицата. Исполнија дел од барањата, едно од нив лежечки полицајци. Но никаде нема знак дека наидувате на лежечки полицаец, многу поголема беља може да се направи сега. Не секој знае дека има лежечки и дека треба да подзапре кога е зад некоја кола. Јас како возач, закочувам пред лежечкиот, но зад мене може некој да ме учука затоа што не очекува дека ќе закочам (нема знак кој ќе му воочи). Не сум побарала од ниедна институција услуга во врска со ова, но кај нас се што зависи од јавни претпријатија се прави половично, или не се доправува комплет. И никој за тоа не одговара. На истата тема, во Авоткоманда има знаци за лежечки, но нема лежечки. Тие што знаат-летаат, тие што не,-прикочуваат и иста ситуација-зад нив некој улетан може да ги зачука.

Ми требаше да извадам извод од матична книга на родени. Поднесов барање, и кога требаше да го подигнам ме известија дека не можат да ми го дадат бидејќи не сум запишана во матична книга на родени (патем не вадам прв пат извод бидејќи претходно сум вадела за упис во школо, на факултет итн). Ми кажаа дека сум морала да поднесам приговор за да можат да ме упишат во книгата и потоа да ми дадат извод. Нејасно ми е како може да не сум упишана кога пред тоа минимум 2/3 пати сум извадила извод, Морав да си поднесам приговор и потоа откако донесоа решение, пак да си платам за да ми дадат извод од матична книга на родени.

При селење средина на мај ги изгубив надеднаш личната карта, возачката и сообраќајната. Почна сагата која заврши дури крај на август…

Најпрво, закажувањето на телефон траеше дури две недели колку што ми беше потребно да добијам конекција за да закажам термин. Во крај на мај ми беше закажано сликање за лична карта за 7 јули. Ми беше кажано дека додека не ја добијам личната карта не можам да барам возачка и сообраќајна бидејќи се врзани со личната карта. Иако имав важечки пасош, тој документ не ми се прифаќаше; сосема нелогично, во оваа земја, пасошот не може да биде основа за вадење возачка и сообраќајна. Останав без можност да го користам возилото и да возам до крај на август со што покрај пропаднатите приватни планови, ни пропаднаа и приватни обврски кон постари лица во друг град кои редовно ги посетуваме. Откако конечно бев сликан на 7 јули, ми беше кажано да си ја подигнам личната карта по две недели. Потврда дека сум сликан не ми беше дадена, а јас во хаосот кој владееше на местото за сликање сакав само побрзо да излезам и се сетив дека не добив потврда дури откако дојдов дома. Сметајќи дека ќе биде личната карта готова, не мислев дека потврдата ќе биде толку важна за процесов; сепак ме имаат во систем. Со ова, испланиравме патување за почеток на август, сметајќи дека ќе ја добијам личната карта. По две недели се упатив во соодветното место на МВР и ми беше кажано дека не е готова личната карта, да дојдам за една недела. После една недела ми беше кажано дека „не завршил тендерот“ па уште не е готова личната карта, но овој пат без ветување кога ќе биде готова. Планот за патувањето почеток на август веќе пропадна. На следното одење во мвр ми беше кажано дека проблемот е во Собрание, они ако го донеселе законот мвр веднаш ќе ми ја издадело личната карта… Веќе дојде и средина на август. Медиумите полека притиснаа и мвр објави дека ќе може да се извршуваат некои постапки со потврда за побарана лична карта, со што се распрашав дали може со таква потврда да побарам возачка и ми беше кажано дека не може. Мора лична карта на увид. По разговор со разни луѓе дознав дека на некои им било дозволено такво вадење возачка, па повторно се обратив во МВР по што ми беше кажано дека може. Но, тие одбија да ми издадат копија од потврдата или нова потврда, тврдејќи дека не е можно да не ми ја дале потврдата кога ме сликале. Ако сум имал некој проблем сум требало да се обратам кај „началникот во мтв“. Отидов во мтв, љубезни луѓе на шалтер ме упатија во канц за лични карти каде љубезна г-ѓа од мвр ме најде во планината документи и дојде да ја поддржи мојата апликација, со што ми беше дозволено да аплицирам за возачка по забрзана постапка според која возачката ја добив после пет календарски дена. Поради најавите на вести, почнав да киснам во мвр секој ден и да ја чекам личната карта (секогаш пречекан со не е готова и „дојди за втората пратка“, „дојди утре“ итн) за конечно после недела дена од првите најави за итно издавање на нови документи ја добив личната карта. По ова аплицирав за возачка и конечно на самиот крај на август, биквално последните денови, можев повторно да возам и да си ја користам колата. Значи, на оваа држава и требаа цели три месеци за да ми издаде основен документ како лична карта. Хорор од искуство, хорор од услуга (фала на жената од мвр која ме бараше во планината од апликации за лични карти!). Хорор од држава.

Најлошто искуство е поврзано со вадење лични документи, системот не е целосно функционален, а најчесто кога ќе го добиеш документот има грешка за што повторно треба да чекаш корекција.

Во Фондот за здравствено осигурување откако уредно беа поднесени документите за здравствено осигурување на невработено лице истите беа изгубени. Поради тоа 1 месец останав без здравствено осигурување, па поради тоа морав да плаќам приватно здравство, како и документите да ги поднесувам одново истите.

Не се запазуваат термините доделени за сликање за лична карта и пасош. Вработените се крајно нељубезни и ја префрлаат вината еден на друг. Лицето кое требаше да ме слика за лична карта не беше на своето работно место и доцнеше 15 мин. Откако се пожалив дека нема никој во кабина 14 од колегата во кабина 15 добив коментар „немој да ми коментираш многу ќе дојде колегата„ притоа истиот говори македонски како да завршил трето одделение. Сето ова се случува во полициска станица Беко. Претпоставувам вработување по рамковен договор.

Е-најавата за закажување за лична карта не функционира веќе неколку дена. Не ми дава ниту еден како слободен. Пробав на бројот кој беше оставен, но таму не ми дава воошто линија. Ова трае веќе неколку дена.

Документите за сопственост од Катастар што може да се верифицираат со електронски потпис ги плаќаме електронски, но не ги признаваат другите институции и мора цела постапка од ново со барање, административни такси и пак плаќање.

Станува збор за услуга/повик од 2017 година. Испратив апликација за стипендија за студии во странство. Одговорната институција никогаш не ми одговори на мојата апликација и покрај многуте обиди да стапам со контакт.

-Поднесено е барање за легализација на дел од стан во 2011. Одобрување стигнува 2020 а со тоа и треба да се платат комуналии. Постапката почнува во Град Скопје (невозможно е да се добијат на телефон). По воспоставен контакт изготвуваат решение кое е невозможно да се подигне повеќе од 1 месец. Со пријатели се врши работа истиот ден. Постапката продолжува во општина Центар. Со месеци никој не одговара на телефон. На мејл на вработена и на мејлот на општината никој не одговара. Работа се завршува само со многу упорност и одење лично. Искуство – хорор

Категорија за добивање документи од општина, – урбанизам, одобренија , изводи од дуп и сл.
Со еден збор за Прилеп КАТАСТРОФА. Имам Впечаток дека воопшто не им е гајле за потребите на граѓаните, а и не знаат што прават и како да работат.
неможам да сфатам како можат да бидат толку неодговорни.

Во Општина Кисела вода имам повеќе предмети кои еден со друг се поврзуваат бидејќи долг период не се постапува по нив.

Во 2008 поднесено е барање за приватизација на градежно земјиште на кое постои право на користење на физичко лице. Барањето се заснова на Решение за трајно користење на земјиштето издадени од 1979 година. Следен предмет за истата парцела е поднесено барање во 2016 година за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект.

По основ на второто барање општината не упати правата да ги оствариме во Граѓански суд бидејќи во меѓувреме од 2017 година на парцелата се појавува фирма која го запоседнува целото земјиште кое е предмет на приватизација и објектите кои се во фаза на легализација.

За земјиштето добивме пресуда во наша корист за нарушено владение за објектот, а општината не упади двете страни на суд бидејќи и тие имале поднесено барање за легализација. Како може општината да им прифати барање кога законот е дециден и кажува дека право за легализација има оној кој го градел објектот и тоа заклучно со 2011 година. За да проблемот биде уште поголем фирмата натрапник која во 2017 година влегува во земјиштето кое е во фаза на приватизација, гради објект од 100 м2 која градба е без дозвола и потребна документација. За оваа градба известена е градежната инспекција при општината со поднесување на барање за увид. Бидејќи инспекторката гледа само потпорни ѕидови ние пак поднесова барање за увид со докази за изграден објект, но повторно ништо.

Поднесовме уште едно барање и одговорот беше дека фирмата поднела барање за легализација. Каква легализација за објект изграден на државно земјиште во 2017 година. Ова е кривично дело, а соучесник е и самата инспекторка која не донесува решение за рушење на градбата.

По ваков одоговор пишавме претставка до градоначалник за инспекторката. На оваа претставка наместо одговор од градоначалникот добивме од инспекторката за која е наменета претставката. Како е тоа можно:

Поради тоа барав прием кај градоначалникот и некаде во летниот период 2019 бев примена и ми беше ветено дека ќе го разгледа проблемот. Но и од овој усен разговор немаше ништо. Поради тоа поднесов и на писмено уште една претставка со напомена во архивата документот да стигне кај градоначалникот, а не кај инспекторката.

По сето ова до ден денес немам никаков одговор ниту решение по основ на поднесените барања за приватизација и легализација. Зошто е ова вака? Зошто ги загорчуваат животите на луѓето со нерешавање на предмети?

При купопродажба на недвижност општината и Град Скопје не нудат опција за плаќање на пресметатниот данок на лице место, откако ќе се добие Решението. Дотолку повеќе, по уредно извршена уплата во банка, за која имаме и доказ – уредно пополнети и заверени со по два печати уплатници од банката, мора да се „чека“ уште три работни дена за „парите да ни се појават на сметка, да видиме дека се уплатени“. Не само што се чека многу долго за да се добие тоа решение, 2-3 недели, не само што не може да се плати ниту директно во градот или ниту преку е-банкарство, туку и не може ни да се заврши процесот додека они не ги виделе парите дека се уплатени. Еден месец ни одзеде само овој процес, плаќањето данок во општината и градот. Еден цел месец во кој моравме да продолжиме да живееме под кирија. Страшно и целосно нелогично. И да е ова последница на тоа што некој некогаш направил глупост, како што се зборува дека било случај, не може заради една/неколку злоупотреби за кои има совршено добро решение во закон (како на пример поништување на решение), сега да бидат казнувани сите граѓанки и граѓани кои само сакаат редовно да си завршат работа. Нелогично, непотребно, нефикасно и многу обременувачки за сите странки во процесов. Зошто едноставено да не се воведе опција кога ќе ви го дадат решението да си платите на лице место или да се воведи посебен шалтер на кој ќе може да се изврши оваа уплата, па само од еден до друг шалтер веднаш да се заврши работа? Чекавме три дена за да ги виделе парите на сметка. Скандалозно!

Закажаните термини за вадење на патни исправи и лични документи не се почитуваат, чекав 2 часа надвор од закажниот термин и ме презакажаа за следниот ден. Веб сајтот за закажување термини е лош, административците не проверуваат дали документот е готов при зеање и не стигнува порака кога документот е изработен, иако наводно треба.

Премногу долг процес за нешто што е прилично едноставно и може да се добие електронски.

Од 2008 година чекам приватизација на земјиште. Поради ова чекање натрапници влегуваат на земјиштето и градат објект во 2017 година надвор од законот и го нарушуваат владението за што е известена инспекцијата, како и градоначалникот и при тоа нема никаква реакција. Имам уште две легализации на објекти во истата општина за истата парцела, но и тоа не е завршено.